ВИДЕО: Симултанка на Дибала за Рома, ДЕСЕТ гола во Бергамо!

Екипата на Рома дома беше подобра од Фиорентина (2-0) и така пет кола не знае за пораз во Серија А. „Волчицата“ има две победи и три ремија, моментално котира на седмото место, но бодовно е изедначена со шестата Аталанта и петтиот Лацио.

Симултанка на овој натпревар имаше аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала. Двата гола на „Олимпико“ ги постигна напаѓачот на Рома во свој препознатлив стил и го пречека Жозе Мурињо кој се врати на клупата откако ја одлежа суспензијата.

Првиот гол Пауло Дибала го постигна пред финишот на првиот дел, во 40-тата минута по асистенција на Тами Абрахам, додека вториот падна во 82. минута, исто така по асистенција на англискиот крилен играч.

За Рома ова беше десетта победа сезонава во Серија А. Тимот во следната рунда гостува кај Специја. Фиорентина е десетта на табелата, а враќање на победите ќе бара со Торино.

Претходно, Аталанта и Салернитана одиграа натпревар со десет гола, со хепи-енд за „божицата“ (8-2). Неверојатно ефикасно беше во Бергамо и домаќинот ја наполни мрежата на искусниот Гиљермо Очоа до врв.

Лукман беше двоен стрелец за Аталанта, а стрелаа уште Бога, Скалвини, Копмајнерс, Хојлунд, Едерсон и Зортеа. За Салернитана, Диа и Николуси Кавиља погодија во мрежата на фаворитот.