Македонски фудбалски судии имаат задолженија во главната фаза на Лигата на шампионите во футсал. Дури три претставници на структурите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се најдоа на листата на УЕФА за ова натпреварување, што низ историјата досега никогаш не било случај.
Футсал репрезентацијата на Македонија го освои првиот бод во квалификациите за Светското првенство (СП). Нашиот национален тим на домашен терен ремизира против големиот фаворит Италија (3-3) со гол даден во последните секунди од мечот.
Футсалците на македонската репрезентација денес ќе ги започнат квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи во 2024 година. Со гостувањето во Алингсас кај Шведска, избраниците на Васко Скендеровски ќе тргнат во овој поход.
Селекторот на футсал-репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета на стартот на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2024 година кои ќе тргнат во месец октомври.
Македонскиот интернационален судија, Марјан Младеновски, доби огромна чест и ќе биде дел од арбитрите делегирани за финалето на Европското футсал првенство за играчи до 19 години.
Љубителит на малиот фудбал имаат ново летно задоволство, Од утре започнува пријавувањето за XVIII традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ и ќе трае до 28 август.
Екипата на Шкупи игра со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на шампионите, но тоа нема да биде единствен пат „БББ“ и „Шверцери“ како и колективите да имаат свое соочување во спортот.
Македонската футсал репрезентација ги дозна противниците за првата фаза од квалификациите за следното Светско првенство, кое што ќе се одигра во 2024 година.
Футсалците на Шкупи ќе се натпреваруваат во главната квалификациска фаза на УЕФА Лигата на шампионите. Првакот на Македонија ја доби групата и веќе е сместен во осмата конкуренција со Хрудим од Чешка, како и победниците на групите Г и Х во прелиминарната рунда.