Фудбалерите на Милан се измачија, ама дојдоа до триумф против Специја со 2-1 (1-0), во дуелот од 13. коло на Серија А. „Росонерите“ поведоа во првото полувреме, но синот на легендарниот Паоло, Даниел Малдини, стрелаше против својот клуб за израмнување. Следеше поништен гол за Милан, а потоа и неизмерна радост која ја донесе Оливие Жиру.