Судирот на две екипи кои од почетокот на сезоната се во прилично нестабилна форма може да донесе многу интересна и неизвесна игра. Минатиот викенд „волчицата“ на прилично среќен начин освои бод на Сан Сиро во Милано, иако практично осумдесет минути беше немоќна во пресметката со актуелниот шампион на Италија, иако од друга страна и на крајот покажа карактер, што ѝ недостигаше минатата сезона. Фиорентина многу осцилира, но во последните шест кола од Серија А оствари четири победи, со по едно реми и еден пораз, со што се искачи на високата деветта позиција на табелата.