Вчера преку иницијатива на федерациите за пинг-понг на Македонија и Косово, а со поддршка на претседателот на владата Димитар Ковачевски, советничката за спорт Силвија Митевска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски се одбележа Меѓународниот ден на пинг-понг и Меѓународниот ден на спортот за мир и развој, испраќајќи заедничка порака дека спортот има моќ да инспирира, мобилизира и зближува луѓе од повеќе заедници, притоа придонесувајќи кон градење на прогресивно и инклузивно општество за сите.