И Аталанта и Интер играа претходниот викенд дербија и ги загубија. Момците од Бергамо го дочекаа Наполи и иако рано поведоа со голот на Адемола Лукман од пенал, бргу примија изненадувачки гол, а потоа и уште еден, па на крајот останаа со празни раце. „Неразурите“ гостуваа кај Јувентус во Торино и со оглед на кадровската ситуација и формата на „старата дама“ беа фаворити, но ривалот прикажа една од најдобрите партии од стартот на сезоната и славеше со 2-0.