Предводникот на националниот тим на Малта го скрати списокот на повикани фудбалери и го има финалниот со 24 имиња за дуелот со Македонија во квалификациите за Европското првенство. Откако го скрати списокот, отпаднаа седум фудбалери со кои ќе се допатува во Скопје.
Холандската фудбалска федерација ја исправи „грешката“ и ја зголеми казната за хулиганот кој влета на теренот за време на мечот од Лигата на Европа меѓу ПСВ и Севиља и го нападна голманот Марко Дмитровиќ.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува стартот на квалификациите за Европското првенство. Во првата рунда на арената „Тодор Проески“ доаѓа Малта, а веќе започнаа мини-подготовките за овој дуел.
Лионел Меси вчера беше жестоко исвиркан од навивачите, на натпреварот кој ПСЖ го загуби на домашен терен од екипата на Рен (0-2). Аргентинецот веројатно за првпат во кариерата се најде во ваква ситуација, а денес се засилуваат и шпекулациите за негово евентуално враќање во Барселона летово.
Репрезентацијата на Англија ги стартува квалификациите за Европското првенство на гостувањето кај Италија, меѓутоа Герет Саутгејт се соочува со голем проблем затоа што „гордиот албион“ ќе мора без тројца важни играчи.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, со гол го реши дербито меѓу Динамо Загреб и Ријека (1-0), меч кој беше емотивен затоа што беше последен за капитенот на „модрите“, Аријан Адеми.
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси се најде на удар на навивачите по поразот на Пари Сен Жермен од тимот на Рен (0-2) и публиката беше незадоволна од изданието.
Екипата на Баерн Минхен забележа неочекуван пораз на вчерашниот натпревар против Баер Леверкузен и падна на второто место во Бундеслигата, препуштајќи го врвот на Борусија Дортмунд,
Вчера се одигра уште едно „Ел Класико“, во кое Барселона успеа да го совлада вечниот ривал Реал Мадрид со 2-1. Настаните во текот на натпреварот останаа во втор план по инцидентот што настана веднаш по завршувањето на дербито.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се стационира во Анталија, Турција, каде ќе ги одработи подготовките пред квалификацискиот циклус за Европското првенство за младинци.
Екипата на Брегалница има добра пролет и пет кола по ред не знае за пораз, а еден од играчите во дефанзивата доби повик во националниот тим и направи кам-бек по одредено време.
Второлигашот Тетекс одигра реми без голови против Саса (0-0), а повторно од „штофарите“ имаат забелешка на арбитражата и најавија дека против еден од судиите на овој натпревар ќе биде поднесена кривична постапка.
Фудбалскиот натпревар меѓу Лацио и Рома заврши со победа на номиналниот домаќин (1-0), што беше директен удар во битката за место во Лигата на шампионите. „Лацијалите“ со голот на Матија Закањи дојдоа до трите бода во римското дерби, а „Олимпико“ одново беше сведок на спектакл.
Фудбалерите на Ремс го впишаа првиот пораз по деветнаесет натпревари без неуспех, со што е ставен крај на најдолгата серија без пораз во најсилните лиги на Европа.
Фудбалерите на Феенорд запишаа многу важна победа во Ередивизие, можеби и најважната во сезоната, откако славеа на „Јохан Кројф Арена“ против Ајакс со 2-3 (2-1). Лидерот во холандското првенство го доби мечот со два пресврти, на одушевување на своите фанови.