ВИДЕО: Терачано пак даруваше, Милан во 91. минута ја „скрши“ Фиорентина

Фудбалерите на Милан со многу среќа и потешко од очекуваното ја остварија зацртаната цел во финишот од есенскиот дел од сезоната во Серија А и во последниот натпревар за оваа година славеа голема победа на Фиорентина со 2-1, со погодок во судиското надополнување.

  • Извештај од натпреварот: 

Актуелниот бранител на титулата фантастично го започна дербито пред домашната публика, бидејќи првата ѕвезда, во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леао по само две минути игра ја погоди противничката мрежа и донесе водство за својот тим од 1-0. Асистент на погодокот на португалскиот ас беше Оливие Жиру, кој уште еднаш покажа дека во одлична форма ќе го пречека Светското првенство во Катар.

Но, раното отворање на резултатот донесе мотив плус за „виолетовите“ да заиграат далеку поангажирано и помотивирано, а тоа им донесе и гол за израмнување. Чехот Барак на додавање на Иконе во 28. минута го замолкна „Сан Сиро“ и погоди за 1-1.

Во вториот дел Милан очекувано имаше иницијатива и повеќе шанси за втор погодок, но на Леао и Жиру им недостигаше концентрација во клучните моменти. Сепак, во самата завршница Терачано како и пред шест месеци со нова грешка одново им подари гол на миланезите и шампионот со автоголот на Миленковиќ стигна до значајна победа од 2-1.

Со оваа победа Милан не дозволи Наполи на пауза да замине со двоцифрена предност и пак разликата меѓу лидерот и шампионот е осум бода. 

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Vincenzo Italiano

    4-2-3-1