Убиствениот тандем на Наполитанците ќе има завршен испит против дефанзивците на „старата дама“, кои веќе осум натпревари по ред ја чуваат својата мрежа мирна. Јувентус е страшен и Наполи треба да се плаши од него. Веќе не е тимот од почетокот на сезоната кој не знаеше каде удира, ја надмина кризата и критичарите на Масимилијано Алегри веќе не се толку гласни. Одбраната е доведена до перфекција, „старата дама“ нема примено гол на претходните осум натпревари, ги доби сите натпревари по поразот во дербито со Милан и всушност е најголемата закана за наполитанците. Торинскиот клуб повеќе не поминува низ подеми и падови, оди напред како стрела и влева страв во коските на ривалите. Особено на Наполи, бидејќи во градот во подножјето на Везув добро се сеќаваат на блиското минато и како Јувентус својата магична сезона ја претвори во ноќна мора и ги остави без толку очекуваното „скудето“. И повторно Наполи е во подем, повторно има експлозивни напаѓачи кои ги малтретираат чуварите и пакуваат голови како на подвижна лента, но во потсвеста ги имаат и настаните од минатото и, се чини, полека слабеат.