Ѕвездите на Барса доминираат: Реал Мадрид цели 23 минути не го мина центарот!

Барселона и Реал Мадрид одиграа уште едно супер-возбудливо „Ел Класико“ во кое како поумешен се покажа каталонскиот гигант, кој славеше со конечни 4-3 и скоро ја обезбеди титулата во Примера.

Младите ѕвезди на Барса беа во одлично расположение и на моменти имаа тотална доминација на теренот, а тоа се потврдува и со еден неверојатен факт - Реал Мадрид во првото полувреме не мина на противничката половина скоро 23 минути!

Од асистенцијата на Винициус Жуниор за Мбапе до следниот продор на Белингем, минаа вкупно 22:32 минути, што е навистина фасцинантно, но во исто време и неразбирливо за гигант од калибарот на Реал Мадрид.

Барса во меѓувреме успеа да постигне дури четири гола и не само што ја анулираше двојната предност на мадриѓаните, туку замина и со убедлива предност на паузата. Реал во вториот дел имаше неколку одлични шанси за враќање во егал, но на крајот се помири со болен пораз и речиси му го препушти тронот на најголемиот ривал во Шпанија.

Избраниците на Ханси Флик сега имаат високи седум бода предност пред „кралевите“ на три кола до крајот на сезоната 

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Ханси Флик

    Карло Анчелоти