Шпанија во шок: ВАР-судија вели „Фала му на бога“ по поништен гол на Барса! (ВИДЕО)

Лошото судење на вчерашното „Ел Класико“ можеше да донесе сосема друг исход на натпреварот на „Монжуик“, но Барселона храбро триумфираше со 4-3 и е на прагот на нова титула! 

Судиите, и тие на теренот и оние до ВАР-собата, одиграа клучна улога во хаосот. Шпанија е во шок по објавената аудио-снимка од реакцијата на арбитрите по голот на Фермин Лопез во судиското продолжение. Валверде ја удри топката во раката на Фермин, кој продолжи со акцијата и стрелаше, но ВАР-собата го поништи голот. Во снимката се слуша судија како вели „Фала му на бога“ што имало причина за поништување.

Претходно, слична ситуација имаше и во казнениот простор на Реал Мадрид, во кој Чуамени со рака го спречи ударот на Феран Торес, но пенал за Барса не беше досуден. „Каталонците“ беа оштетени во уште три ситуации, но и покрај судискиот циркус, ја однесоа победата во четвртото „Ел Класико“ оваа сезона.