Младиот талент на Реал Мадрид „побегна“ од социјалните мрежи поради жестоки навреди од фановите

Младиот дебитант во тимот на Реал Мадрид, Виктор Муњоз, мораше да го затвори својот инстаграм профил откако доби лавина навредливи и заканувачки коментари по нереализираната голема шанса во финишот од мечот против Барселона

Муњоз истрча сам пред голманот Шчесни и биеше силно, но топката заврши крај десниот дирек и на тој начин „кралевите“ ја испуштија најголемата можност да останат непоразени во вечното „Ел Класико“. 

21-годишниот Муњоз првпат доби шанса да настапи за сениорскиот тим и не успеа да се прослави во првата голема прилика, а навивачите на Реал не можеа да го задржат својот бес и упатија огромен број понижувачки коментари за него. 

Реал Мадрид на крајот загуби со 4-3 и скоро испадна од трката за шампионската титула во Шпанија