Азар го делат денови од потпис со Реал Мадрид!

Шпанска „Марка“, која е блиска до Реал Мадрид, тврди дека доаѓањето на Еден Азар на „Сантијаго Бернабеу“е речиси завршена работа и наскоро треба и официјално да биде потврдено.

По доаѓањето на Родриго и Милитао, Белгиецот ќе биде првото звучно засилување по враќањето на Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“. Според, „Марка“, Челзи за трансферот ќе добие обештетување од околу 100 милиони евра, а голема е веројатноста дека дел од целата зделка ќе биде и Хрватот Матео Ковачиќ.

28-годишниот Азар веќе подолг период е мета на Реал Мадрид, а неговите последните изјави одат во прилог на Реал Мадрид. Тој неколку пати потенцира дека сака да работи со Зинедин Зидан и дека Реал Мадрид е еден од неговите сонови.

Покрај за Азар, тимот на Реал Мадрид сериозно е заинтересиран во своите редови да ги доведе и Пол Погба и Хари Кејн, со што наредната сезона повторно би бил аспирант за освојување на титули на сите фронтови.