Трката за ЛШ во Франција ќе донесе невидена драма, Лил и Марсеј го поделија пленот

Екипите на Лил и Олимпик Марсеј одиграа без победниј во дербито на 32. коло од француската Лига 1 (1-1).

Олимпик Марсеј беше подобриот тим на теренот, но не успеа да го материјализира тоа со триумф. Гостите први се радуваа на погодок, откако во листата на стрелците се запиша Амин Гури. Асистент беше Рабио, а алжирскиот напаѓач рутински погоди за 0-1. Домашниот тим израмни во 75. минута преку Фернандез-Пардо и тоа од единствениот директен удар кон противничкиот гол на целиот натпревар.

Овој резултат ја доведе борбата за место во Лигата на шампионите до невидена драма. На две кола до крајот, Олимпик Марсеј е втор со 59 бода, Монако е трет со 58, додека Ница, Стразбур и Лил имаат по 57 бода на четвртото, петтото и шестото место. Лион испадна од трката со денешниот пораз од Ленс и сега е седми со 54 бода.

Второпласираните и третопласираните тимови ќе се пласираат директно во елитното натпреварување, додека четвртопласираниот тим ќе игра квалификации.