Гигантот од Атина пристигнува на југот на Франција со минимална предност, но нема да му биде лесно да ја одбрани и да избори премин во плеј-офот од Лигата на шампионите. Избраниците на Иван Јовановиќ, успеаја да го совладаат Олимпик Марсеј со 1-0 на својот стадион, но дури откако гостите останаа со играч помалку во 65. минута, кога Жофри Кондогбија го доби вториот жолт картон.