Во рамките на 27. коло од француската Лига 1, Монако на домашен терен го пречека најпријатното изненадување сезонава, екипата на Ремс. Гостите беа подобар ривал и заслужено славеа со 0-1 и така врзаа деветнаесетти натпревар во низа без пораз во домашниот шампионат, што е апсолутен рекорд во Европа кога се говори за најдобрите пет лиги.