Стојчевски ќе го суди дербито за врвот во Струга

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за претстојното коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) кое е вонредно и ќе се игра во текот на седмицата.

Фокусот е вперен кон натпрееварот меѓу Струга Трим Љум и Шкупи, дербито за врвот во ПМФЛ, на кое главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов, Даниел Василевски. Четврти судија е Ивана Пројковска.

Скопје ќе ја пречека Македонија ЃП, таму правдата ќе ја дели Димитар Пилешков, додека Академија Пандев оди на мегдан со Победа на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, каде главен арбитар е Крумислав Ѓорѓиев.

Силекс во Кратово се соочува со Брегалница, ќе суди Ндерим Тефику од Куманово, додека на дуелот Шкендија - Работнички на центарот ќе стои Стојанче Стојанов. Сите натпревари од колото се играат на 8 март од 14:00 часот.