Фудбалерите на Шкупи го добија натпреварот против Работнички со 3-1, во рамките на 23. коло на Првата македонска фудбалска лига. Шампионот конечно се врати на својот стадион „Чаир“, имаше одлична поддршка од трибините и навивачите имаа причина за задоволство. Сите четири погодоци на пресметката паднаа во првиот дел, за потоа фаворитот рутински да го затвори мечот.