Фудбалерите на Шкендија се вратија на победничките патеки, откако на свој терен рутински го совладаа Работнички со 3-1 (2-0) во меч од вонредното 22. коло на ПМФЛ. Тетовчани постигнаа два гола во првиот дел преку Цаке и Милев, а потоа одиграа мудро и мирно, па во финишот Мујезиновиќ само ја потврди победата.