Ралф Рангник го „спречил“ трансферот на Роналдо во Челзи

Ралф Рангник, поранешниот привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, го спречи Челзи да го ангажира Кристијано Роналдо ова лето.

Португалецот беше понуден на неколку клубови, меѓу нив и на „сините“. Како што пренесува „Тајмс“, новиот сопственик на Челзи, Тод Боели сакал Роналдо да дојде на „Стемфорд Бриџ“, но тоа не било желба на менаџерот Томас Тухел.

Стратегот на Челзи веднаш го повика својот колега Ралф Рангник во кого има голема доверба и по негов совет реши да не го ангажира Португалецот. Уште во мај, пред да замине од Јунајтед, Рангник откри некои работи во врска со Кристијано.

„Тој не е пресинг чудовиште. Не е таков играч. Истото важи и за неколку други играчи“, изјави тогаш Рангник, кој не беше задоволен од тоа како неговите напаѓачи ја притискаат противничката одбрана.

Роналдо ги пропушти натпреварите на Јунајтед за време на подготовките, а последните два меча во Премиер лигата, во победите над Ливерпул (2-1) и Саутемптон (1-0) ги започна на клупата за резерви.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.