Фудбалерите на Тотенхем одново ги разочараа своите навивачи, откако ремизираа против последнопласираната екипа во Премиер лигата, Саутемптон (3-3). Дуелот во рамките на 28. коло на „Сент Мери“ понуди шест погодоци, а „петлите“ во еден момент водеа и со два гола, меѓутоа на крајот мора да се задоволат со бод.