Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах во изминатиот период често е во центарот на вниманието. Имено, Египќанецот не може да се договори со клубот за продолжение на договорот, па постоеја најави дека би можел да замине уште ова лето со цел „црвените“ да заработат отштета.