ВИДЕО: Морон изведе мајсторија – ѝ даде ефектен гол со пета на Барса!

Фудбалскиот натпревар меѓу Бетис и Барселона во рамките на полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во Ријад понуди спектакл. Егал по деведесет минути и брзи два гола на стартот на продолжението, двата мајсторија. 

По една „бомба“ на Ансу Фати и водство на Барса, играчите на Бетис изведоа ремек-дело од акција. Вилијам крена топка и дојде до Луис Енрике, а овој ја пренасочи на петерецот. Лорен Морон ја прими и исконтролира, па неочекувано со пета го изненади Тер Штеген за израмнување (2-2). 

Во финалето на Суперкупот од претходно чекаше Реал Мадрид, кој подобро шутираше пенали од Валенсија во второто полуфинале.