ВИДЕО: Милан киксна по четири кола, Торино му го „зеде скалпот“ на шампионот

Торино покажа дека игра во добра форма и на домашен терен го совлада актуелниот италијански шампион Милан (2-1) во 12. коло од Серија А. Ова е втор пораз за избраниците на Пиоли, по оној пред 40 дена од Наполи на домашен терен.

  • Извештај од натпреварот: 

„Росонерите“ примија два гола во краток период на крајот од првиот дел, што беше голем удар за нив. Кофи Џиџи налета на еден центаршут и донесе домашна предност, а две минути подоцна Алексеј Миранчук дополнително го шокира противникот предводен од Стефано Пиоли.

Гостите направија три замени веќе на полувремето. Освежениот тим на Милан прикажа подобра игра и тргна кон анулирање на високата негатива. Дел од истата ја снема, кога Жуниор Месиас искористи груба грешка на противникот и намали на 2-1. До крајот домашниот тренер Иван Јуриќ беше исклучен и мораше да го напушти теренот. Тоа не ги спречи неговите момци да го издржат завршниот притисок на гостинот, кој не успеа целосно да се врати во игра.

Милан е третопласиран, но сега уште повеќе заостанува зад водечкиот Наполи. Торино ја продолжи победничката серија и скокна две места со денешните три бода.