• Сашо Поповски

Оваа среда се играат натпреварите од четвртфиналната фаза во Купот на Македонија. Се игра само еден натпревар, без продолженија и одлучување со пенал рулет, во случај на нерешен резултат.
Фудбалската федерација на Македонија ги откри службените лица за четирите меча.
- Силекс - Вардар (Стојанче Стојанов)
- Струга Трим Љум - Брегалница Штип (Игор Стојчевски)
- Македонија ЃП - Академија Пандев (Крумислав Ѓоргиев)
- Шкупи - Шкендија (Јован Качевски)
Сите натпревари се закажани в среда со почеток од 13:00 часот.