Јане Николоски е нов директор во македонскиот првак Шкупи

Поранешниот македонски голман Јане Николоски доби улога во екипата на Шкупи и во иднина ќе биде директор на екипата.

Николоски беше дел од поранешната Слога Југомагнат во периодот од 1999 до 2001 година и во сезоната 2003/04. Во иднина тој ќе работи со спортскиот дел во македонскиот фудбалски шампион.

Шкупи се наоѓа на второто место во ПМФЛ и до крајот на сезоната тимот на Гоце Седлоски ќе води битка да ја одбрани титулата, тоа ќе донесе и место во квалификациите за Лигата на шампионите.

49-годишникот Николоски зад себе има богата фудбалска кариера како голман, а како тренер беше дел од младинскиот тим на Победа, потоа АЕЛ Лимасол, Хоризонт Турново, Победа, Слога Виница, Борец...