• Сашо Поповски

Четвртфиналето во Купот на Македонија носи големо дерби, во кое силите ќе ги одмерат Шкендија и Шкупи.
Валид Хамиди го најави судирот со тетовската екипа. Фудбалерот на чаирчани смета дека предноста да се игра на домашен терен ќе одигра значајна улога во четвртфиналната фаза.
„Секако дека ни помогна тоа што не игравме во тековното коло, максимално го искористивме слободниот период и со целосна посветеност се подготвувавме во текот на целата недела. Мислам дека го анализиравме противникот како што треба, екипата на Шкендија има квалитет, но со оглед на предноста на домашен терен и пред навивачите верувам во победа. За нас овој натпревар е како финале, се надеваме дека ќе ја одиграме нашата игра и ќе дадеме сè од себе“, изјави Хамиди.
Сите четвртфинални натпревар од Купот се закажани за утре, со почеток од 13:00 часот.