• Зоран Мишевски
Со одигрувањето на плеј-оф натпреварите синоќа заврши лигашкиот и елиминациониот дел од четвртото издание на Лигата на нации. Преостанува уште јунскиот завршен турнир во Германија. Сепак, веќе е познат и составот на лигите за следното издание, кое комплетно ќе се одигра во есента 2026 година, по Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Еве го составот на шеширите во Лигата А и Б. Македонија е во последниот сад пред ждрепката во Лига Б.
Лига А:
Прв шешир:
Германија, Шпанија, Франција, Португалија
Втор шешир:
Италија, Данска, Хрватска, Холандија
Трет шешир:
Србија, Белгија, Англија, Норвешка
Четврти шешир:
Велс, Чешка, Грција, Турција
Лига Б:
Прв шешир:
Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Втор шешир:
Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Трет шешир:
Словенија, Грузија, Ирска, Романија
Четврти шешир:
Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово
Лигашката фаза во новата сезона од Лигата на нациите 2026/27 ќе се игра од септември до ноември 2026 година, додека плеј-офовите се во март 2027 година.