• Иван Димовски
Попладнево во Серија А се одиграа две средби. Удинезе на Илија Несторовски одигра реми без погодоци на гостувањето кај Кремонезе (0-0). Прилепчанецот беше резерва, не доби шанса и остана на клупата, а неговиот тим четврто коло во низа не успеа да дојде до триумф.
- Специја - Удинезе 0-0:
Далеку поинтересно и понеизвесно беше на „Алберто Пицо“, каде што Специја загуби од Фиорентина (1-2). Гостинската екипа поведе, ама домаќините израмнија и долго време држеа бод. Сепак, во завршницата падна концентрацијата и „виола“ замина со бодовите од Специја.
- Специја - Фиорентина 1-2:
Дефанзивецот од Србија, Никола Миленковиќ беше човекот кој донесе предност за Фиорентина по 14. минути игра по асистенција од Бираги. Пред паузата Нзола успеа да стрела за 1-1, резултат кој долго беше активен. Специја во завршницата остана без Николау кој доби црвен картон, а тоа го искористи Кабрал и во 90. минута погоди за победа и три бода (1-2).
Фиорентина победи по четири кола и сега е на 12-то место со 13 бода, додека Специја има девет. Удинезе пак има 22 и се наоѓа на осмото место.