ВИДЕО: Марсеј го следи чекорот со ПСЖ, победен Лил на полниот „Велодром“

Олимпик Марсеј го следи во чекор лидерот и главен кандидат за одбрана на титулата во Лига 1, ПСЖ. По поразот во Лондон од својот поранешен клупски другар Антонио Конте, Игор Тудор го трансформира тимот за дербито од шестото коло против Лил и клубот од Марсеј стигна до победа од 2-1 (1-1). 

  • Извештај од натпреварот: 

Лил со голот на Исмаили поведе уште во 12, минути, а Алексис Санчез израмни во 26. минута. Самуел Гиго на додавање на Босанецот Сеат Колашинац по еден час игра го постави конечниот резултат, комплетирајќи го пресвртот (2-1).

Олимпик Марсеј и ПСЖ се водечки со по 19 бода и само уште Ленс го следи нивниот чекор. Претпоследниот првак Лил остана на шестото место со десет бода.

Преостанатите натпревари од шестото коло се играат в недела.