• Мартин Танасковски
Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо мина одредено време со младинците на Манчестер Јунајтед во знак на дисциплинска мерка, но од денес повторно тренира заедно со првиот тим.
Манчестер Јунајтед против Тотенхем го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава и победи со 2-0, а Кристијано Роналдо не доби шанса за настап. Португалецот пред крајот на натпреварот се упати во соблекувалната и веднаш го напушти стадионот и не ја прослави победата со соиграчите.
Роналдо одбил да влезе во игра од клупата и затоа го напуштил стадионот. Веднаш потоа клубот објави дека Португалецот е исфрлен од тимот до понатамошно известување, но од оваа седмица ситуацијата е поинаква.
Кристијано Роналдо повторно е на тренинзите на „ѓаволите“, но, засега, не се знае каква е атмосферата меѓу него и тренерот Ерик Тен Хаг. Медиумите на Островот пишуваат дека Роналдо побарал транфер, како опции се споменуваат Челзи и Наполи.