Клоп одушевен од Артета и Арсенал: Тие се пример за она што често го зборувам...

Викендов, во Англија ќе се одигра уште едно големо дерби во Премиер лигата. Лондонски Арсенал, кој има старт од соништата ќе го пречека шампионот од пред три сезони, Ливерпул.

На прес-конференцијата во пресрет на ова дерби, Јирген Клоп со суперлативи зборуваше за својот следен противник.

„Апсолутно ги почитувам сите во Арсенал. Микел врши фантастична работа. Кога ви треба време, никој нема да ви го даде. Можам само да кажам дека многу го почитувам Арсенал. Имаат толку таленти... Мартинели, Одегард... Со татко му зборував за него кога имаше само петнаесет години. Тука се и Сака, Габриел Хесус...

Микел ни покажа колку Хесус може да биде добар, и не само во Сити. Томас Парти, сите видоа колку е добар во Атлетико. Овој тим има многу квалитет. Млад, возбудлив тим кој работи навистина добро. Сега е наш ред да гостуваме таму“, рече Клоп.

За разлика од Арсенал, кој е лидер со само два загубени бода, Ливерпул се мачи на стартот во Премиер лигата и со десет бода е на деветтата позиција на табелата.

Дербито на „Емирати“ на програмата е в недела, со почеток од 17:30 часот.