Фудбалерите на Арсенал направија сериозен исчекор кон пласман во Лигата на шампионите, откако славеа во атрактивното дерби против Манчестер Јунајтед, во рамките од 33. коло на Премиер лигата, со 3-1 (2-1). Средбата на „Емирати“ ги оправда очекувањата, покрај четирите гола понуди многу шанси, возбудувања и интересен фудбал. „Топџиите“ запишаа огромни три бода, а „ѓаволите“ останаа само математички во игра за место во елитното натпреварување.