• Иван Димовски
Фудбалерите на Фиорентина не успеаја да дојдат до првото место во групата А на Конференциската лига на УЕФА, иако славеа на гостувањето кај РФС Рига со убедливи 0-3 (0-3).
„Виола“ сепак не дочека услуга и кикс на Истанбул Башакшехир па ќе мора да игра плеј-оф за место во осминафиналето на ова натпреварување. На гостувањето во Рига натпреварот беше решен во финишот на првиот дел. Откако Барак донесе рана предност за Фиорентина по седум минути игра, вториот и третиот погодок паѓаа во 44. минута и 47. минута преку Кабрал и Сапонара. До крајот темпото опадна и италијанскиот состав дојде до рутинска победа.
- РФС Рига - Фиорентина 0-3:
Истанбул Башакшехир не си дозволи кикс и ја круниса добрата игра во групата со триумф од 3-1 над Хартс, за заверка на челната позиција. Ндајашимије го отвори резултатот по четири минути, додека во првиот дел стрелаше уште Гурлер. Во вториот дел за 3-0 стрелаше Озчан, додека конечниот резултат го постави Еткинсон во финишот.
- Истанбул Башакшехир - Хартс 3-1:
На останатите терени АЗ Алкмар го потврди првото место со триумф над Днипро (2-1), Гент го совлада Молде и оди во плеј-офот (4-0), Слован Братислава го освои врвот во групата Х со триумф над Жалгирис (1-2), а Пјуник на Спировски и Радески загуби дома од Базел (1-2) и ја заврши евро-авантурата.