• Мартин Танасковски

Екипата на Челзи повторно го победи Ѓургарден (1-0) и со максимален учинок дојде до финалето во Конференциската лига на УЕФА.
„Сините“ имаа сезона за паметење во третото натпреварување во европскиот фудбал и доживеаја само еден пораз во групната фаза и во нокаут-рундата, тоа беше од Легија во четвртфиналето.
- Извештај од натпреварот:
На „Стемфорд Бриџ“ натпреварот беше рутина, иако го реши еден гол. Челзи дојде до победа благодарение на голот на Кјеран Дјузбури-Хал, кој погоди во 38. минута од мечот во Лондон. Овој дуел беше за паметење и за Реџи Волш, кој стана најмлад стартер во европската историја на Челзи со 16 години и 200 дена.
Челзи во финалето на Конференциската лига кое ќе се игра на стадионот во Вроцлав, Полска, ќе игра за историја. „Сините“ може да станат првиот клуб кој ги освоил сите три трофеи на четирите актуелни УЕФА натпреварувања - Лигата на шампионите, Лига Европа, Конференциската лига и УЕФА Суперкупот.