ВИДЕО: Рибакина го доби маратонот против Сабаленка и го грабна трофејот во Индијан Велс

Казахстанката Елена Рибакина го освои ВТА Мастерс-турнирот во Индијан Велс, откако во финалето ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 7-6/11, 6-4. Мечот траеше два часа и шест минути и имаше многу перипетии. Ова беше петти дуел на двете тенисерки, а прв триумф на Рибакина, која во моментов е десетта тенисерка во светот. 

Казахстанката ѝ се реваншираше на Белорусинката за поразот во финалето на Австралија опен. Сабаленка поведе со 4-2 во првиот сет, но Рибакина успеа да направи пресврт и да дојде до водство од 5-4. Потоа се играше гем по гем, а победникот во првиот сет беше решен во тај-брејк, кој ѝ припадна на казахстанската тенисерка со резултат 13-11. Рибакина поведе со 2-0 во вториот сет, а потоа и со 5-2. Иако Сабаленка намали на 5-4, Рибакина на свој сервис стигна до победа.

Казахстанката со триумфот во Индијан Велс стигна до четвртата титула во кариерата, додека Сабаленка остана на дванаесет освоени ВТА трофеи. Победникот на турнирот во Индијан Велс доби парична награда од 1.262.220 долари и 1.000 поени за ВТА листата, додека поразената девојка освои 662.360 долари и 650 поени.