Норвежанецот Братен го освои малиот кристален глобус во слалом

Норвешкиот скијач Лукас Братен вчера го освои малиот кристален глобус во слалом, откако го освои второто место на последната слаломска трка сезонава во финалето на Светскиот Куп во Солде. Швајцарецот Рамон Сенхојзерн победи на вчерашната трка, откако постигна време од 1:54.87 минути.

Братен го освои второто место со шест стотинки заостанување зад победникот. Трет беше уште еден Норвежанец, Хенрик Кристоферсен, кој заостануваше 63 стотинки зад швајцарскиот скијач.

Првото место во генералниот поредок во слалом го освои Братен со 546 бода, додека Кристоферсен заврши како втор со 494. Првото место во генералниот пласман на Светскиот Куп и борбата за големиот кристален глобус го освои Швајцарецот Марко Одермат со 2.042 бода. Тој ги освои малите кристални глобуси во велеслалом и супервелеслалом. Второто место му припадна на Норвежанецот Александар Амот Килде со 1.154 бода.