• Иван Димовски
Кога еден пар го сочинуваат третопласираниот и четвртопласираниот на последното Светско првенство, јасно е дека нѐ очекува еден возбудлив и неизвесен дуел. Пред две години и три месеци Белгијците го добија меѓусебниот дуел за „бронзата“ во Русија (2-0). И не само тоа, две седмици претходно славеа над истиот ривал и во мундијалската група (1-0), со што стекнаа солидна психолошка предност за некои неодамнешни пресметки. Меѓутоа, Англичаните на свој терен обично излегуваат на крај со „црвените ѓаволи“, па и самите имаат доволно причини за оптимизам, иако гостите се однесуваат баш онака како што им е прекарот – „ѓаволски“.
Сите коефициенти за натпреварот меѓу Англија и Белгија
Интересно, иако и едните и другите негуваат фудбалска филозофија да одат на гол повеќе, нешто што посебно важи за Белгијците кои од март 2019 година ривалите ги „честат“ со од три до девет погодока, а Исланѓаните во септември ги совладаа со 5-1, нивните меѓусебни дуели како по правило се нешто потврди – од 1954 година само на два меча не било 0-2 гола. На наша и ваша жал, ова воопшто не ја олеснува работата на обложувачите кои помислија: „Во ред, наместо конечен тип, ќе типувам на ГГ“.
Погледнете ги останатите коефициенти од Лигата A
Селекторот на домаќините, Герет Саутгејт, одлучи овие натпревари во Лигата на нации да ги искористи за да им даде шанса на некои од играчите од младата селекција, а од искусните нема да може да смета баш на сите фудбалери на кои сметаше (на пример Рахим Стерлинг, кој е повреден). Неговиот колега Роберто Мартинез има голем број на играчи кои настапуваат во Премиер лигата и добро го познаваат ривалот, што во комбинација со актуелната ситуација околу гледачите би можело да донесе двојка. Mozzart предложува да ризикувате баш со тој тип, или, определете се за 2-3 гола.