Скромниот Азар: Јас не ја заслужувам „Златната топка“, таа треба да заврши во рацете на Мбапе

Еден Азар важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, кој зад себе остава фантастична сезона, како со Челзи, така и во дресот на репрезентацијата на Белгија.

Сепак, тој е реален и смета дека оваа година не ја заслужува „Златната топка“ и дека таа треба да заврши во рацете на Килиан Мбапе.

„Иако имав одлична година, мора да останам спуштен на земја и да кажам дека не ја заслужувам „Златната топка“. Имаше неколку играчи кои беа подобри од мене. Би рекол тоа беше Модриќ, но неговата форма од август до октомври не е на посакуваното ниво. Поради тоа би го избрал Килиан Мбапе“ , изјави Белгиецот.

Како што е познато, оваа година конечно ќе биде прекината доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, која траеше од 2008 година.