Роналдо трпи критики во Ал Наср: Потрошив 200 милиони, а тој знае само „сиу“

Кристијано Роналдо пристигна како големо засилување во Ал-Наср, но барам засега саудискиот клуб нема никаква корист од него. Во првите два натпреварувачки натпревари Роналдо не се покажа како засилување, па сега наводно трпи тешки критики од челниците на клубот.

По поразот на Ал Наср во Суперкупот, на социјалните мрежи се појави видео кое брзо стана вирално, на кое човек, за кој се вели дека е функционер на Ал Наср, изгледа дека е целосно незадоволен од играта на Португалецот.

„Излези одовде. Потрошив 200 милиони евра, а тој знае само „сиуууу“.

За португалскиот фудбалер следен дуел е против Ал-Фатех закажан за трети февруари, а останува да се види дали ќе има „трета среќа“, кога во прашање е деби-погодокот за новиот клуб.