• Сашо Поповски
Според „ЕСПН“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси би можеле да бидат изоставени од постерите на кои ќе бидат прикажани претставниците на сите учесници на Светското првенство во Катар.
Португалецот наводно ќе биде заменет со Бруно Фернандеш или Диого Жота. Организаторите на турнирот засега нема конечна одлука и околу аргентинскиот ас и претставникот на Аргентина на официјалните постери кои ќе се појават низ државата.
Хари Кејн ќе ја претставува Англија, Лука Модриќ ќе биде прва ѕвезда на Хрватска, Садио Мане ќе биде претставник на Сенегал, а Нејмар ќе биде заштитно лице на првиот фаворит Бразил.
Мундијалот во Катар започнува во ноември и ќе биде прв настан кој ќе се одржи во зимските месеци. Титулата од пред четири години ќе ја брани Франција.