• Горан Упале
Фудбалската селекција на Белгија има сигурно водство од 2-0 во големото дерби во Лигата на нации против Англија.
Во репризата малото финале од последното Светско првенство во Русија, „црвените-ѓаволи“ доминираат против Англичаните и заслужено имаат предност од два гола. Резултатот го отвори Тилеманс во 10. минута, а веднаш потоа Мертенс изведе вистинска мајсторија од слободен удар и Пикфорд повторно капитилираше во Брисел.
- Ефектниот гол на Мертенс против Англија:
Доколку Белгија ја сочува предност во Брисел ќе остане лидер на табелата во групата 2 и во пресрет на последното коло против Данска има најголеми шанси за пламан во плеј-офот.