• Сашо Поповски
На денешната прес-конференција, тројцата кандидати за „Златна топка“ одговараа на прашања на новинарите и фановите. Меси беше запрашан, кој трофеј му е помил, „Златната топка“ или пак, оној од Светското првенство. Аргентинецот одговори дека индивидуалните награди секогаш се во заден план и дека повеќе би сакал да им даде предност на колективните.
„Секако дека трофеј од Светското првенство би ми бил подраг. Колективот е секогаш пред индивидуалните награди. Ако се прашувам јас, би ги сменил сите индивидуални награди за едно Светско првенство“ , изјави Аргентинецот, кој со оглед на бројките од минатата сезона, одново ќе биде на врвот на светскиот фудбал.
За престижната награда, Меси ќе биде во конкуренција со неговиот соиграч од Барселона, Нејмар и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.