Лукаку ја шокира Белгија, по ЕП 2020 заминува во пензија?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и белгиската фудбалска репрезентација, Ромелу Лукаку, најави дека може да ѝ стави крај на репрезентативната кариера по крајот на Европското првенство (ЕП), кое се игра во 2020 година.

Лукаку е главен адут на „црвените ѓаволи“ и иако се наоѓа во најдобрите години, може прерано да ги закачи копачките на клин кога се работи за репрезентацијата. Во своето последно интервју, тој најави дека ЕП 2020 за него може да е последен голем настан во дресот на селекцијата.

„Мислам дека по Европското првенство ќе престанам да играм за репрезентацијата на Белгија. Уште го немам достигнато својот максимум, младите ме бркаат и им сум конкуренција, но не сакам да се откажам лесно. Можеби за две години ќе успеат да дојдат до мене“, изјави Лукаку.

Белгискиот корпулентен напаѓач на Мундијалот во Русија го освои третото место и успеа да постигне четири погодока. Своето деби во дресот на Белгија, Лукаку го имаше во 2010 година.