Клоп: Ремито со Челзи е мал чекор напред за нас

Ниту голови, ниту победник на дуелот на двете екипи од средината на табелата, но и Јирген Клоп по ремито со Челзи најде позитивни работи во својот тим. 

„Добро ги започнавме двете полувремиња, имавме добри периоди во играта, но не можевме да го задржиме тоа темпо. Мораме да бидеме подготвени да направиме мали чекори, а ова е мал чекор. Не примивме гол против Челзи, не создадовме многу шанси, но и тие имаа неколку добри можности.

Во вториот дел се браневме со страст и добра организација, но немавме длабочина во нападот. На крај, резултатот без голови е сосема реален. Мора да ги прифатиме овие мали чекори кон напред“, рече Клоп.

Ливерпул, како и Челзи, е во сериозна резултатска криза оваа сезона и е надвор од зоната за Лигата на шампионите.