ИСТОРИЈА: Кристијано Роналдо прв ја проби границата од 700 клупски гола!

Кристијано Роналдо вечерва испиша историја со голот кој го постигна на „Гудисон Парк“ во победата на Манчестер Јунајтед над Евертон (1-2). 

Португалската ѕвезда важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а сега запиша еден рекорд кој ќе биде тежок за рушење во иднина. Погодокот против „карамелите“ за Роналдо беше 700-ти во клупската кариера, со што е единствен фудбалер на светот со таков учинок. 

Најмногу голови Роналдо даде во дресот на Реал Мадрид, вкупно 450. Во дресот на „црвените ѓаволи“ има 144 погодоци, за Јувентус стрелаше 101, додека пет пати погодуваше за Спортинг. До бројката од 700 клупски погодоци Кристијано стигна во 943 натпревари на сцената.

Покрај клупскиот, Роналдо го држи рекордот за голови и во националните дресови, со бројка од 117.