• Горан Упале
Саудиски Ријад вечерва ќе биде домаќин на едно од најголемите дербија во историјата на фудбалот – Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Шпанија.
Во пресрет на популарното „Ел Класико“ Карло Анчелоти ги искажа своите очекувања и одговори дали неговите играчи се презаситени со трофеи.
„Стомак полн со трофеи. Тоа не е точно, зборуваме за играчи кои победија минатата година, и кои почнаа да победуваат во 2013 година и се уште победуваат. Стомакот никогаш не се полни, тимот има одличен менталитет и исто така, барањата во овој клуб се многу големи, никогаш не може да се размислува на тој начин.
Не знам дали интензитетот е најдобриот начин да се победи Барселона, ќе треба да одиграме многу комплетен натпревар од сите аспекти. Ќе треба добро да управуваме со топката, да притискаме... Многу работи. Клучот е да се направи комплетен настап“, рече искусниот стратег.
Финалето од Суперкупот на Шпанија се игра од 20:00 часот и ќе биде второ овосезонско соочување на големите ривали, по победата на Реал во Мадрид во Примера.