• Зоран Мишевски
Новата година за Карим Бензема започна како што очекуваше. Стрелец е на скоро секој натпревар за Реал Мадрид, главно со прецизно изведени казнени удари. Напаѓачот стана вториот играч во историјата на шпанскиот Суперкуп кој постигнал гол на пет последователни натпревари.
35-годишниот фудбалер во полуфиналето на Суперкупот против Валенсија (1-1, 4-3 по пенали) синоќа погоди од белата точка во 39. минута. Овој гол беше петти по ред за Французинот во шпанскиот Суперкуп.
Бензема го повтори достигнувањето на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, кој постигна осум гола на пет натпревари во ова натпреварување во периодот од 2010 до 2012 година за Барселона. Воедно, Бензема е само втор на листата на најстари стрелци во натпреварите за Суперкупот на Шпанија. Тој постигна гол за 35 години и 23 дена. На прво место е играчот од средниот ред Лука Модриќ, кој се истакна за Реал Мадрид на турнирот со 36 години и 129 дена.