Нибали потврди дека по „Џиро Д'Италија“ заминува во пензија

Нибали

Италијанската легенда Винченцо Нибали објави дека на крајот од тековната сезона ќе замине во пензија.

Во интервју со државната телевизија, 37-годишникот од Сицилија потврди дека е подготвен за нова етапа во животот. Додека зборуваше пред камерите ги гледаше најубавите моменти од кариерата, па на момент поради силната емоција мораше да го прекине разговорот.

„Оваа фаза ја чекав некое време. Овде во Месина почнав да возам велосипед и да тренирам, па сакав да потврдам дека ова е моето последно Џиро Д'Италија и мојата последна сезона“, потврди Нибали.

По легендарната трка низ Италија во пензија ќе замине уште една ѕвезда на велосипедизмот, Алехандро Валверде.