Трансфери | Transferi

СРЕ, 28 јули 2021

0:31
Севиља Челзи
Челзи плаќа 50 милиони евра, Кунде доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Жил Кунде се наоѓа пред трансфер во Челзи. Французинот се согласи за условите на договорот со европскиот првак, а блиску е и договорот меѓу клубови. Французинот е подготвен да потпише договор до 2026 година. 22-годишникот Најголемата трансферна цел на Челзи ова лето сака да игра во Лигата на шампионите, па претходно одби да се пресели во Тотенхем.

Напредна фаза

ВТО, 27 јули 2021

23:53
Интер Кротоне
Интер го позајми Мулатиери во Кротоне

Италијанскиот шампион Интер го позајми 20-годишниоот напаѓач Симоне Мулатиери на една сезона во второлигашот Кротоне. Целта е младиот фудбалер да има континуитет на настапи во новата средина. 

Финализиран
23:13
Швајцарија Бордо
Владимир Петковиќ претставен како нов тренер на Бордо

Предводникот на репрезентацијата на Швајцарија, Владимир Петковиќ постигна договор со француски Бордо. Клубот постигна договор со федерацијата на Швајцарија за 57-годишниот тренер. Поранешниот тренер на Лацио официјално е претставен во новата средина и се очекува да биде на трибините в сабота кога жирондинците ќе се соочат со Троа.

Финализиран
22:29
30.000.000 €
Сампдорија Лидс Јунајтед
Лидс Јунајтед тргнува по Данецот Дармсгард

Лидс Јунајтед е во контакт со Сампдорија околу трансфер на младиот Данец Микел Дамсгард кој имаше одлично Европско првенство. Тимот е подготвен да го продаде, сумата е 30 милиони евра.

22:05
Вест Бромвич Албион Ал-Хилал Ријад
Переира доби понуда од соништата од Ал-Хилал

Еден од најдобрите играчи на ВБА минатата сезона, Матиас Переира, има понуда од соништата од Ал-Хилал. Богатиот клуб го контактирал играчот, затоа што ВБА испадна во Чемпионшип.

Понуда
21:38
Вотфорд Ајакс
Ајакс во потрага на нов голман

Холандскиот шампион Ајакс бара нов голман. Се распрашува за Даниел Бахман, чуварот на мрежата на Вотфорд. „Копјаниците“ го продадоа Шерпен, наскоро заминува и Онана, па мора да се бара замена.

21:21
Арсенал Монако
Арсенал и Монако во преговори за Вилок

Француски Монако пикира играч од англиската Премиер лига. Кнезовите преговараат со Арсенал околу Џо Вилок, 21-годишен играч кој настапува во средниот ред. Тој беше желба на Кристал Палас, но можна е и преселба во Лига 1.

Преговори
21:05
Бенфика Виторија Гимараиш
Семедо од Бенфика е желба на Гимараиш

Алфа Семедо, 23-годишниот играч на Бенфика, не добива минутажа меѓу „орлите“ и веројатно ќе има нова средина во новата сезона. Најсериозен тим за негов ангажман е Виторија Гимараиш каде тој би добил поголема улога.

Преговори
20:49
Кристал Палас Монпелје
Мамаду Сако се врати во францускиот фудбал

По неколку сезони во Кристал Палас, Мамаду Сако се врати во францускиот фудбал. Играчот потпиша договор со Монпелје до 2024 година.

Финализиран
20:30
Манчестер Јунајтед Њукасл Јунајтед
Туанзебе е прекуброен во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го потврди Рафаел Варан, па еден од првотимците стана прекуброен. 23-годишниот Алекс Туанзебе ќе бара нова средина. Како најсериозен кандидат за него се споменува Њукасл.

Понуда
20:08
Реал Мадрид Манчестер Јунајтед
ОФИЦИЈАЛНО: Варан е новиот „ѓавол“ во одбраната на Јунајтед!

Она што долго време се најавуваше, се потврди. Рафаел Варан го напушти Реал Мадрид и е нов член на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. „Ѓаволите“ од Манчестер го потврдија трансферот на фудбалерот, но не открија премногу детали на темата. На интернет-страницата на премиерлигашот стои дека Рафаел Варан е нивен нов фудбалер, а детали не се откриваат додека не се финализира зделката и не завршат медицинските прегледи.

Финализиран
19:40
30.000.000 €
ПСВ Ајндховен Борусија Дортмунд
Дортмунд го официјализира Мален до 2026 година

Екипата на Борусија Дортмунд ги потврди најавите и го официјализира Донел Мален од ПСВ. Договорот е до 2026 година, а холандскиот тим ќе плати 30 милиони евра.

Финализиран
19:15
Челзи Саутемптон
Челзи остана без еден од талентите

Уште еден талент на Челзи си замина од „Стемфорд Бриџ“. 19-годишниот Динел Симеу е нов играч на Саутемптон. Тој претходно ги одби „сините“ за нова соработка и тргна во потрага на првотимски статус.

Финализиран
18:53
Швајцарија Бордо
Владимир Петковиќ ќе го води француски Бордо

Владимир Петковиќ се врати во клупскиот фудбал. Селекторот на Швајцарија ќе биде назначен за нов предводник на француски Бордо. Добива тригодишен договор.

Напредна фаза
18:26
Лидс Јунајтед Галатасарај
Терим: Алиоски ни побара 7,5 милиони евра, а и не е класичен лев бек

Галатасарај долго време се споменуваше како следна дестинација на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, но трансферот пропадна пред самиот финиш.

Тренерот на турскиот гигант, Фатих Терим, говореше на темата Алиоски на пресот пред ПСВ и откри две причини зошто трансферот пропаднал.

„Алиоски побара 7,5 милиони евра за три сезони. Плус, не се работи за класичен лев бек. Секако дека одбив да го ангажираме“, изјави Терим.

Македонскиот фудбалер е пред трансфер во Саудиска Арабија, од каде пред финализација се преговорите со Ал-Ахли Џеда.

Финализиран
18:02
Позајмица
Арсенал Серед
Дејан Илиев позираше во дресот на Серед

Македонскиот голман Дејан Илиев во наредната сезона ќе брани во словачки Серед. Тоа ќе биде втора етапа за нашиот интернационалец во клубот од Словачка. Таму беше на позајмица во сезоната 2019/20. Тој веќе ја задолжи опремата и позираше во новиот дрес.

Финализиран
17:42
Пелистер
Пелистер го плати долгот кон Ковачев, симната суспензијата за трансфери

Екипата на Пелистер е слободна и ќе може да носи нови фудбалери за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Битолчани го подмирија долгот и им е симната суспензијата.

„Зелените“ не можеа да регистрираат нови фудбалери поради долг кон поранешниот дефанзивец Мартин Ковачев. Откако Пелистер ја исплати целосната сума кон фудбалерот, суспензијата е симната.

Финализиран
17:24
Ешли Кол му се враќа на фудбалот како тренер

Англиската фудбалска легенда Ешли Кол ја прекинува пензијата. На 40 години повторно се враќа во фудбалот како тренер. Ќе работи како помошник, во У23 репрезентацијата на Англија.

Финализиран
16:54
Баерн Минхен Севиља
Жером Боатенг се согласил да ја засили Севиља

Жоером Боатенг кариерата ќе ја продолжи во Примера. 32-годишниот дефанзивец го напушти Баерн Минхен, но сака да игра во Лигата на шампиони. Последните информации се дека има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Шпанија во дресот на Севиља.

Напредна фаза
16:22
15.000.000 €
Тотенхем Ал Духаил
Ал Духаил се подали со Алдервирелд

Катарскиот клуб Ал Духаил се пофали со потписот на белгискиот репрезентаѕивец Тоби Алдервирелд. Поранешниот фудбалер на Тотенхем денес беше претставен во Доха како нов фудбалер на Ал Духаил. Клубот од катарскиот шампионат плати 15 милиони евра за одбранбениот фудбалер.  

Финализиран
15:47
Глазгов Ренџерс Ипсвич Таун
Едмундсон го напушти Ренцерс за англиски третолигаш

Дефанзивецот Џорџ Едмундсон ја изненади островската јавност, напуштајќи го Ренџерс за третолигашот Ипсвич. Фудбалерот веќе е претставен во својата нова средина. 

Финализиран
15:10
Севиља Челзи
Челзи влегува во трката за Кунде

Томас Тухел во францускиот фудбалер гледа идеална опција за централната дефанзивна позиција. Младиот играч нема ништо против од преселба во Лондон, бидејќи негов императив е да игра во Лигата на шампионите наредната сезона.

Преговори
14:43
Струга Трим Љум Пелистер
Миленковски одново ќе го облече дресот на Пелистер

Филип Миленковски одново ќе го облече дресот на Пелистер и наредната сезона ќе ја одигра во родната Битола. Левиот бек се раздели со Струга Трим Љум по само една година. 31-годишникот стави потпис на едногодишна соработка со пелистерци.

Финализиран
14:18
Фиорентина
Фиорентина спрема нов договор за Влаховиќ

Спротивно од сите најави за трансфер во врвните италијански и англиски екипи, Влаховиќ ќе остане во Фиорентина. Клубот од Фиренца спреми нов подобрен договор за Србинот, па наскоро се очекува официјализација. 

Преговори
13:57
Севиља
Севиља е една од опциите за Боатенг

Германскиот интернационалец заврши со Баерн Минхен и ова лето е слободен агент. Неколку екипи се интересираат за него, а сериозен кандидат за потписот на дефанзивецот е Севиља.

Шпекулација
13:39
Ал-Ахли Џеда
Алиоски во последен момент го одби Галатасарај и се сели во Саудиска Арабија!?

Езџан Алиоски во последен момент се премислил и одлучил да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Очигледно дека финансиите одиграле клучна улога во неговата одлука. По четири години во Лидс Јунајтед, македонскиот репрезентативец наводно се договорил со со Ал-Ахли Џеда.

Напредна фаза
13:15
Олимпик Марсеј Херта
Радоњиќ сака да се врати во Берлин

Српскиот фудбалер сака одново да го облече дресот на Херта. Бундеслигашот преговара со Олимпик Марсеј и наскоро се очекува соработка.

Преговори
12:42
3.000.000 €
Бешикташ
Милионска понуда за Коста од Турција

Напаѓачот има понуда да продолжи во Бешикташ. Се зборува за двегодишен договор и годишна плата од три милиони евра.

Понуда
12:06
Интер Лацио
Лацио купува играч на Интер

Холанѓанецот би можел наскоро да се пресели во Рим. Од тековниот договор со Интер има уште две години, но италијанскиот првак размислува да го продаде ова лето.

Шпекулација
11:46
ПСВ Ајндховен Ница
Росарио ќе ја продолжи кариерата во Франција

Пабло Росарио е нов член на француска Ница. Тој се разделува со ПСВ Ајднховен по четиргодишна соработка.

Финализиран
11:19
Бесплатно
Фулам Челзи
Бетинели е нов голман на Челзи

Томас Тухел донесе уште една опција за голманската позиција. Се работи за Маркус Бетинели кој доаѓа бесплатно од редовите на Фулам.

Финализиран
11:01
Селта Виго
Окај размислува за Вотфорд и ВБА

Турскиот фудбалер има понуди да се пресели во Премиер лигата. Недоволната минутажа во Селта го тера да размислува за нов предизвик во карирерата.

Шпекулација
10:41
ПСЖ Лил
Рико се движи во правец на Лил

Шпанскиот голман заминува од ПСЖ, но ќе остане во Франција. Негова нова екипа наскоро се очекува да биде Лил.

Преговори
10:18
Каљари Зенит
Џовани Симеоне се сели во руската Премиер лига?

Синот на Диего Симеоне, Џовани се наоѓа пред руски предизвик на кариерата. Напаѓачот на Каљари доби понуда од Зенит и веројатно ќе ја прифати. Факундо Фереира треба да биде негова замена на Сардинија. 

Шпекулација
9:42
Јувентус Тотенхем
Тотенхем го враќа Ремзи во Премиер лигата

Велшанецот ужива во голема плата, но не и во минутажа во дресот на Јувентус. Калчолигашот сака да ослободи дел од трошоците и ќе го стави на пазарот ова лето. Тотенхем е една од екипите која се интересира за неговиот потпис.

Шпекулација
9:26
Манчестер Јунајтед
Јунајтед најави продажба на девет фудбалери

Манчестер Јунајтед направи одлична работа ова лето и се засили со неколку звучни имиња. Тоа значи дека тимот треба да се ослободи од дел од играчите, а меѓу нив на листата се: Пол Погба, Џеси Лингард, Брендон Вилијамс, Диого Далот, Алекс Телес, Фил Џонс, Андрес Переира, Даниел Џејмс и Ентони Марсијал.

Шпекулација
8:54
Русија
Карпин претставен како нов руски селектор

Валери Карпин е изборот на руската федерација за селекторската функција. Негова цел ќе биде пласман на Мундијалот во Катар, а на презентацијата најави дека репрезентацијата ќе игра атрактивен фудбал.

Финализиран
8:07
Сантос Јувентус
Јуве го договорил најголемиот бразилски талент

Според бразилските медиуми, еден од најголемите таленти на земјата петкратен светски првак, Кајо Жорге од Сантош се договорил со Јувентус и во јануари 2022 година како слободен фудбалер ќе се пресели во Серија А. Пред неколку дена Јуве го известил бразилскиот клуб дека ќе преговара со фудбалерот.

Напредна фаза

ПОН, 26 јули 2021

23:54
Пењарол Боависта
Боависта донесе уругвајски дефанзивец

Дефанзивецот од уругвај, Диего Абаскал е нов фудбалер на Боависта. 27-годишникот потпиша со португалскиот клуб и денес беше претставен во Порто. 

Финализиран
23:11
Монако Херта
Јоветиќ се сели во Бундеслигата, ќе потпише на три години со Херта

Бундеслигашот Херта се наоѓа пред потпис со големо засилување. Црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ деновиве ќе потпише тригодишен договор со клубот од Берлин. Јоветиќ доаѓа во Германија како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со Монако. 

Напредна фаза
22:33
6.000.000 €
Милан Хетафе
Хетафе го враќа Кастиљехо во Шпанија

Мадридскиот клуб се интересира за 26-годишниот офанзивец. Милан ја има одредено цената за својот фудбалер и нема да продава за понуда под шест милиони евра.

Шпекулација
22:08
Торино
Севиља, Рома и Атлетико Мадрид го следат Белоти

Напаѓачот на Торино, од ова лето и европски шампион со Италија, со години сонуваше да го напушти клубот. Во овој преоден рок, оние кои биле најмногу заинтересирани за неговата ситуација се Атлетико Мадрид, Севиља и Рома. 

Шпекулација
21:48
Позајмица
Манчестер Сити
Талент на Сити заминува на позајмица во Џирона

Дарио Сармиенто ќе замине на позајмица во Џирона. Ова го одлучи Манчестер Сити, кој на истото место го испрати и Нахуел Бустос.

Финализиран
21:25
Позајмица
Арсенал Серед
Илиев одново заминува на позајмица во Словачка

Арсенал потврди дека македонскиот голман Дејан Илиев во наредната сезона ќе брани во словачки Серед.

Тоа ќе биде втора етапа за нашиот интернационалец во клубот од Словачка. Таму беше на позајмица во сезоната 2019/20.

Финализиран
20:59
Манчестер Јунајтед
Погба поблиску до заминување, отколку до нов договор во Јунајтед

Англискиот гигант не сака да ја прави истата грешка како со Давид Де Хеа, па нема да му понуди нов договор на Пол Погба.

Тоа значи дека многу веројатно е дека францускиот играч за врска ќе си замине ова лето. ПСЖ прави обиди да го доведе во своите редови, но за да го направи тоа, ќе мора да се ослободи од неколку играчи.

Шпекулација
20:20
Ливерпул
Ливерпул задржа млад 18-годишен талент

Конор Бредли не мрда никаде и ќе продолжи да се развива во Ливерпул. Фудбалерот има само 18 години и ја работи претсезоната со првиот тим на „црвените“.

Финализиран
19:53
Јувентус Борусија Дортмунд
Борусија преговара за дефанзивевот на „старата дама“

Алегри нема да смета на Демирал во новата сезона, па тоа донесе интерес за дефанзивецот од Борусија Дортмунд. Бундеслигашот веќе е во преговори да го доведе на „Сигнал Идуна Парк“ ова лето.

Преговори
19:38
50.000.000 €
Реал Мадрид Манчестер Јунајтед
Варан на чекор од Јунајтед, остануваат детали пред официјализација

Рафаел Варан наскоро ќе биде официјализиран како нов член на Манчестер Јунајтед.

Французинот покажа интерес за нов предизвик, а тоа го искористи премиерлигашот. Реал Мадрид ќе добие 50 милиони плус бонуси, во зависност од настапите на дефанзивецот.

Напредна фаза
19:17
ПАОК
Џовинко се очекува во Солун на потпис со ПАОК

Според италијанските и грчките медиуми Себастијан Џовинко наскоро ќе пристигне во Солун и ќе стави потпис на договор со ПАОК. Иако се очекуваше да потпише за Венеција, сепак плејмејкерот се одлучи за грчката варијанта.  

Напредна фаза
19:09
Барселона
Стандарден првотимец на Барса е на излезни врати

Жорди Алба се наоѓа на излези врати од Барселона, пишуваат медиуми блиски до каталонскиот гигант.

Некогаш незаменливиот на левата бековска позиција не прифатил намалување на платата. Сите останати ветерани се согласиле на овој предлог на управата, со цел да се намали финансиската криза низ која што минута клубот.

Шпекулација